• четврток, 26 декември 2024

Кралот Чарлс Трети имаше средба со британската премиерка Трас

Кралот Чарлс Трети имаше средба со британската премиерка Трас
Лондон, 9 септември 2022 (МИА) - Кралот Чарлс Трети попладнево ја одржа првата аудиенција на премиерката Лиз Трас, соопшти Бакингемската палата. Трас, која беше назначена од покојната кралица во вторникот, помина приближно половина час со кралот Чарлс Трети, јави Би-би-си. Кралот Чарлс Трети пред Бакингемската палата беше дочекан многу топло, по што тој отиде и се поздрави со дел од насобраниот народ. Неговото прво обраќање кон Британците како крал, се очекува да биде телевизиски емитувано во 18 часот по локално време, 19 по македонско, откако претходно ќе се сними во Бакингемската палата. Ожалостени почнуваат да заземаат места во катедралата Свети Павле во Лондон, каде во 18 часот по локално време, ќе има молитва и сеќавање на кралицата Елизабета Втора. Според Би-би-си, таму се очекува да бидат и Лиз Трас и високи министри. бд/ссм/

Остани поврзан