• четврток, 26 декември 2024

Кралот Чарлс Трети во болница поради операција на простата

Кралот Чарлс Трети во болница поради операција на простата

Лондон, 26 јануари 2024 (МИА) - Британскиот крал Чарлс Трети (75) денеска е примен во болница на операција од бенигна хиперплазија на простата, соопшти Бакингемската палата.

-Кралот утрово беше примен во болница во Лондон на закажан третман, се вели во соопштението.

Принцезата од Велс Кејт, сопруга на принцот Вилијам, моментално се опоравува од операција на абдоменот.

Според британските медиуми, кралот Чарлс Трети ја посетил принцезата Кејт непосредно пред операцијата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан