• сабота, 23 ноември 2024

Кралот Чарлс се подготвува да се врати на јавните должности од следната недела

Кралот Чарлс се подготвува да се врати на јавните должности од следната недела

Лондон, 26 април 2024 (МИА) - Британскиот крал Чарлс Трети се подготвува да се врати на јавните должности од следната недела, откако лекарите изјавија дека неговото здравје се подобрува.

„Неговото височество Кралот наскоро ќе се врати на јавната активност по период на лекување и опоравување по неговата дијагноза со рак“, се вели во денешното соопштение од Бакингемската палата.

Портпаролот на Бакингемската палата рече дека „неговата програма за лекување ќе продолжи, но лекарите се задоволни од досегашниот напредок за да му дозволат на Кралот да се врати на некои од неговите јавни должности“.

Сепак, обврските ќе бидат „прилагодени колку што е потребно за да се минимизираат ризиците при закрепнувањето на Кралот“.

Во вторник кралот Чарлс и неговата сопруга Камила ќе посетат центар за рак каде кралската двојка ќе се сретне со медицинските тимови и пациентите, соопшти Бакингемската палата.

Покрај тоа, се планира Чарлс и Камила, на крајот на јуни, да бидат домаќини на средба со јапонскиот император Нарухито и неговата сопруга, царицата Масако. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан