Кралот Чарлс им честиташе на англиските фудбалери: Мислете на крвниот притисок на нацијата
- Британскиот крал Чарлс ѝ честиташе на англиската фудбалска репрезентација за пласманот во финалето на ЕВРО2024, порачувајќи им на играчите „да мислат на стресот и крвниот притисок на нацијата“.
Лондон, 11 јули 2024 (МИА) – Британскиот крал Чарлс ѝ честиташе на англиската фудбалска репрезентација за пласманот во финалето на ЕВРО2024, порачувајќи им на играчите „да мислат на стресот и крвниот притисок на нацијата“.
- Мојата сопруга и јас заедно со целото семејство им се придружуваме на најтоплите честитки за влезот во финалето на Европското првенство и во испраќање на нашите најдобри желби за неделниот натпревар“, порача кралот Чарлс.
Познат по својот суптилен, но речиси секогаш присутен хумор, Чарлс упати и барање до селекторот Герет Саутгејт и играчите.
„Ако можам да ве охрабрам да обезбедите победа пред да има потреба од чудотворни голови во последната минута или уште една пенал драма, сигурен сум дека стресот и крвниот притисок на нацијата значително ќе се намалат. Со среќа Англија, напиша кралот. Чарлс на социјалната мрежа Икс.
Англија во вчерашното полуфинале на ЕВРО2024 со гол во судиското продолжение ја победи Холандија со 2-1, а во финалето во Берлин в недела ќе игра против Шпанија. ег ФОТО: УЕФАЕВРО2024