• среда, 25 декември 2024

Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември 2024

Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември 2024

Скопје, 10 септември 2024 (МИА) - Важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година.

МВР денеска ги повика сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви.

- Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31.12.2024, без никакво доцнење и гужви, соопштија од МВР. цр/дма/

Фото: МВР 

Остани поврзан