• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кравата Пош-спајс продадена за скоро 300.000 евра

Кравата Пош-спајс продадена за скоро 300.000 евра
Лондон, 5 февруари 2021 (МИА) - Крава именувана по Викторија Бекам, од расата Лимузин, е продадена на аукција за рекордна цена од 262.000 британски фунти (299.000 евра). Цената е рекордна за Велика Британија и за Европа. Наддавањето се случи минатата недела. Вилоџ Пош-спајс е наследничка на лоза „зачинети девојки“. Нејзината мајка Вилоџ Џинџерспајс е, исто така, именувана по пејачка на поп-групата „Спајс Грлс“. Кравите се одгледувале е во Стропшир, централна Англија. Фармерката Кристин Вилијамс изјави дека продажбата на Пош Спајс е како „добивка на лото“, оти таа била „паметна и елегантна“ крава. Според британското здружение на одгледувачи на лимузини, „блескавиот изглед“ и чистокрвноста на кравaтa придонеле за високата цена. Секретарот на здружението Вил Катли рече дека тоа е успех не само за сточарите, туку и за самата раса крави.

Остани поврзан