• среда, 18 декември 2024

Коџабашев: Агнеза Поповска увери дека институциите во Северна Македонија ќе го истражат случајот за откривање на сторителите

Коџабашев: Агнеза Поповска увери дека институциите во Северна Македонија ќе го истражат случајот за откривање на сторителите
Софија, 24 ноември 2022 (МИА) - Портпаролот на бугарското Министерство за надворешни работи, Костадин Коџабашев на својот редовен брифинг соопшти дека амбасадорката на Северна Македонија во Софија, Агнеза Руси-Поповска била повикана на вонреден состанок, на кој и била врачена протестна нота, по повод диноќешниот инцидент со бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Коџабашев на средбата со амбасадорката Руси-Поповска изјавил дека Бугарија очекува надлежните органи во Северна Македонија веднаш да ги преземат сите неопходни активности за откривање и изведување пред лицето на правдата на сторителите на кривичното дело. Тој исто така посочи дека Агнеза Попоска го уверила дека надлежните институции во Северна Македонија ќе го истражат случајот со цел да се откријат сторителите. Коџабашев рече дека бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков синоќа телефонски разговарал со неговиот македонски колега Бујар Османи, кој се обврзал што побрзо од македонска страна да се утврди што се случило. Вања Малакова, шеф на дирекцијата „Југоисточна Европа“, на брифингот посочи дека информациите што дошле од бугарскиот генерален конзулат во Битола е дека се пукало повеќе пати. Според Малакова, во моментов има градација со тешко кривично дело и нема шанси тоа што се случи да не влијае на текот на билатералните односи меѓу Скопје и Софија, но додаде дека Бугарија има секаква желба да продолжи позитивниот дијалог. Македонското Министерство за надворешни работи синоќа го осуди оштетувањето на стаклото на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид кое се случило вчера. – Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најстрого го осудува вандалскиот чин, при што меѓу другото со употреба на оружје се оштетени надворешните стакла на граѓанскиот клуб во Охрид. Особено загрижува фактот што овие вандалски активности се повторуваат во многу краток период, имајќи предвид дека пред само неколку дена, на 20 ноември, бевме сведоци на уште еден вандалски чин кога беше оштетен излогот на клубот. Ваквите настани се целосно неприфатливи, можат да загрозат човечки животи, и ги засилуваат ретроградните процеси кои се во спротивност со европските интеграции на земјава, се наведува во реакцијата за МНР. нк/рп/

Остани поврзан