• среда, 25 декември 2024

Коњуфца: Го поддржувам предлогот Лајчак да го достави статутот на ЗСО до Венецијанската комисија

Коњуфца: Го поддржувам предлогот Лајчак да го достави статутот на ЗСО до Венецијанската комисија

Приштина, 6 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието на Косово Глаук Коњуфца денеска ја изрази својата поддршка за идејата на премиерот Албин Курти дека модераторот на дијалогот, Мирослав Лајчак, треба да го испрати нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство до Венецијанската комисија.

Премиерот Курти вчера за албанскиот телевизиски канал АЛ 2 Си-Ен-Ен изјави дека Лајчак може да го однесе нацрт-статутот на ЗСО до Венецијанската комисија на евалуација. Курти рече дека тоа е „нон-пејпер“.

Коњуфца, по седницата на Претседателството на Собранието на Косово, изјави дека Европската унија тешко сака да ги преземе овластувањата на Косово за изготвување на статутот на ЗСО. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан