• среда, 25 декември 2024

Коњановски изврши увид на инфраструктурни проекти во Битола

Коњановски изврши увид на инфраструктурни проекти во Битола

Битола, 20 февруари 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на повеќе локации каде што се изведуваат градежни активности финансирани од локалната самоуправа.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека во тек е реализацијата на повеќе планирани проекти во урбаните и руралните средини.

-Во завршна фаза е изградбата на прифатилиште за бездомни животни и во моментов се постапува по добиените насоки од Агенцијата за храна и ветеринарство. Исто така активно се работи на изградбата на детска градинка во АРМ, продолжува реконструкцијата на улицата „Захарија Шумљанска“, а во населеното место Горно Оризари во тек е изведба на водоводна мрежа, посочија од тамошната локална самоуправа.

Градежната сезона и реализацијата на проектите се врши согласно Програмите за работа, соопштија од Општина Битола. мт/дма/

Фото: Општина Битола

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан