• сабота, 23 ноември 2024

Коњановски додели дипломи стекнати преку програмата „Ромактед“

Коњановски додели дипломи стекнати преку програмата „Ромактед“

Битола, 17 јануари 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски додели дипломи на 18 лица кои учествуваа во проектот „Поддршка за дооформување на основното образование за возрасни лица Роми“.

Станува збор за проект на Европската унија и Советот на Европа за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни“.

-Во рамки на оваа акција, 18 лица се стекнаа со дипломи, односно 12 лица добија сведителства за завршено основно образование, а 6 лица се стекнаа со дипломи за завршен курс. Учесниците во акцијата на денешната средба со градоначалникот Тони Коњановски, изразија голема благодарност за вклученоста на општината во оваа акција, со што за нив се создадени поголеми можности за понатамошно работно ангажирање, соопштија од секторот за односи со јавност на Општина Битола.

Акцијата „Поддршка за дооформување на основното образование за возрасни лица Роми“ ќе овозможи Ромите да бидат конкурентни и да им се олесни пристапот на пазарот на труд, посочија од тамошната локална самоуправа. мт/сст/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан