• среда, 25 декември 2024

Коњановски: Добрососедските односи се градат со заемно почитување и признавање, не со индиректни провокации и оживување на едно мрачно минато

Коњановски: Добрососедските односи се градат со заемно почитување и признавање, не со индиректни провокации и оживување на едно мрачно минато
Скопје, 16 април 2022 (МИА) - Битола е космополитски, конзулски град, во кој посебно се почитуваат културите, традициите и вредностите на сите народи и треба да биде вистински пример за негување на македонскиот идентитет и култура во сите други земји, каде што живеат Македонци. Добрососедските односи се градат само со меѓусебно почитување и признавање, но никако со индиректни провокации и оживување на едно мрачно минато на кое потсетува името на Бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“, објави на својот Фејсбук профил битолскиот градоначалник Тони Коњановски. Според него, кога веќе централната власт и националното законодавство, дозволиле во Општина Битола, да се регистрира и функционира ваков културен клуб, тогаш време е нашите источни соседи да овозможат вистински реципроцитет и да покажат почитување на правата на Македонците во Бугарија, можности за нивно културно изразување и негување на македонската култура и историја.
- Тогаш, кога ќе добиеме покана за присуство на отворање на Македонски културен клуб во Бугарија, дури тогаш ќе знаеме дека сме на вистинскиот пат кој значи взаемно почитување и искрено пријателство.
После посетата на денешниот настан во Битола, очекувам, премиерот Кирил Петков, да биде првиот иницијатор кој во Бугарија ќе го покрене прашањето за промоција на македонската култура, еднаквост и поголеми права на македонците кои живеат таму, додава битолскиот градоначалник на својата Фејсбук страница.
Бугарскиот премиер Кирил Петков, заедно со потретседателката Илијана Јотова и шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска денеска во Битола присуствуваа на отворањето на клубот на бугарското здружение „Ванчо Михајлов“. нд/аа/

Остани поврзан