• недела, 29 декември 2024

Коњановски: Битола во моментов е едно големо градилиште

Коњановски: Битола во моментов е едно големо градилиште

Скопје, 28 декември 2024

Годинава го изгласавме досега историски најголемиот буџет од 2 милијарди 760 милиони денари вкупниот буџет или оперативниот дел е 1 милијарда 330 милиони, истакна градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски во вечерашното гостување во централниот Дневник на ТВ Сител во „Тема на денот“.

Коњановски укажа дека потребна им е дополнителна инјекција од страна на централната власт.

„Потребна е дополнителна инјекција, макар да општина Битола со средствата кои сама ги собираше работеше и дотогаш функционално, ова значи многу посебно во инфраструктурата да се направи нешто позначајно имајќи го во предвид дека најголемиот дел од овие средства ќе се искористат во делот на инфраструктурата. Добивме пари за 16 проекти со кои аплициравме, тие поминуваат низ министерствата и владина проверка. Најголем дел од нив 13 се за инфраструктура, патишта и улици. 2 проекти се во делот на спортот, реконструкција и обнова на боксерска сала во Битола и јужната трибина на стадионот Петар Милошевски што би се дооформила таа целина. Имаме и реконструкција, изведба на фасада на училиштето Стив Наумов во Битола“, вели Коњановски.

Коњановски потенцираше дека заедно со локалната самоуправа се насочени кон завршување на проектите во Битола.

„Јас и локалната самоуправа насочени сме кон завршување на тие проекти. Битола е едно големо градилиште во моментов и јас се заблагодарувам и на граѓаните зошто им направивме мали непријатности затоа што улиците се во фаза на реконструкција, некој работи гледаме да ги завршиме пред нова година. Топлификацијата е во завршна фаза, прв пат Битола после 7 години застој се надевам дека тој проект ќе заживее“, заклучи Коњановски. 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан