• понеделник, 30 декември 2024

Кош и кошаркарска конструкција доби селото Конопиште

Кош и кошаркарска конструкција доби селото Конопиште
Кавадарци, 8 јуни 2020 (МИА) - Кош и кошаркарска конструкција за играње кошарка доби кавадаречкото село Конопиште, кое се наоѓа на околу четириесетина километри од градот Кавадарци, во подножјето на Кожуф планина. Неа ја изработија вработените и волонтерите во Центарот за одвикнување од зависности Нарконон Балкан, заедно со неколкуте корисници на услугите на оваа институција, која постои 16 години. -Целта е овозможување на спортска активност како за нас, така и за сите оние кои доаѓаат да го посетат ова село кое изобилува со природни убавини и еколошка средина. Конструкцијата за кошарка истовремено го разубави и сретселото, за МИА изјави Александра Димевска Јокиќ, директор на Центарот низ кој досега на одвикнување поминале 173 лица од земјава и странство. Таа нагласи дека и во иднина како и досега, ќе преземаат бројни активности со кои ќе ја покажат општествената одговорност и грижата за околината. свд/ир

Остани поврзан