• недела, 17 ноември 2024

Кошмарите помагаат за подобро справување со секојдневниот стрес

Кошмарите помагаат за подобро справување со секојдневниот стрес
Лос Анџелес, 17 јануари 2020 (МИА) - Швајцарски и американски научници спроведоа експеримент со кој, како што тврдат, успеале да одговорат на прашањето - зошто луѓето имаат кошмари? Според научните сознанија, тоа е еден вид „тренинг“ за нервниот систем, којшто му помага на човекот да се избори со негативните чувства во вистинскиот живот. Односно, она што лицето го чувствува во сонот го подготвува за можни очекувани стресови во иднина. - Особено се сосредоточивме на стравот - околу тоа кои делови од мозокот се активираат кога сонуваме лошо, истакна професор Лампрос Перогамврос од Универзитетот во Женева и еден од раководителите на истражувањето. Досега беше јасно дека на тој начин, потсвеста се обидува да ни помогне во решавањето на некој проблем. Освен тоа, не знаеме многу за соништата и начинот на којшто тие влијаат на нашиот живот, во смисла - дали потсвеста секогаш низ сонот комуницира со нас. Анализата на одговорите на испитаниците во експериментот, покажа дека има две области во мозокот одговорни за кошмарите. Тоа се инсулата и средниот мозочен кортекс. Во натамошните проучувања, научниците утврдиле дека луѓето кои подолго и почесто имаат кошмари, поприсебно реагираат на негативните нешта во животот. си/ми/

Остани поврзан