Кошаркарските репрезентации до 14 години во јуни на турнир во Косово
- Македонските кошаркарски репрезентации во машка и женска конкуренција до 14 години во првата половина од јуни ќе бидат дел од новото издание на ФИБА проектот насловен „Заедно до 16“.
Скопје, 30 мај 2023 (МИА) – Македонските кошаркарски репрезентации во машка и женска конкуренција до 14 години во првата половина од јуни ќе бидат дел од новото издание на ФИБА проектот насловен „Заедно до 16“.
Проектот стартуваше пред неколку месеци во Софија, а домаќин на вториот турнир ќе биде Косово од 8 до 12 јуни.
Селекторите Владимир Мирковски и Едина Муса, заедно со своите асистенти, Дарко Петковски и Сања Костова, одбраа по 12. Кошаркари и кошаркарки кои ќе бидат дел од овој втор циклус на проектот во кој се вклучени пет балкански национални федерации
Двете македонски селекции до 14 години ќе ги одмерат силите со своите врсници од Турција, Бугарија, Романија и Косово. ег/ир
Фото: КФСМ