• сабота, 23 ноември 2024

Кошаркарскиот Суперкуп ќе се игра на „Кале“ со публика

Кошаркарскиот Суперкуп ќе се игра на „Кале“ со публика
Скопје, 22 септември 2021 (МИА) – Кошаркарскиот Суперкуп „Драган Василов Цевка“ ќе се игра в сабота во СРЦ „Кале“ во Скопје. - Натпреварите, во двете конкуренции, машка и женска, ќе се одржат на 25 септември (сабота), 2021 година, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје. Согласно со одлуката на Министерството на здравство, ограничен е бројот на седишта во салата на 30 % од капацитетот. Сите заинтересирани љубители на кошарката ќе мора да покажат документ за вакцинација, соопшти КФСМ. Од 17 часот, ќе се игра натпреварот во женска конкуренција во кој ќе се сретнат екипите на Баскет КАМ од Македонска Каменица и Бадел 1862 од Скопје. Во 19:30 часот, ќе почне натпреварот во машка конкуренција меѓу градските ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. Со средбите од Суперкупот ќе почне новата сезона во македонската кошарка. зс/

Остани поврзан