• сабота, 23 ноември 2024

Кошаркарките од СОУ Ѓорче Петров на Европско средношколско првенство

Кошаркарките од СОУ Ѓорче Петров на Европско средношколско првенство

Крива Паланка, 13 јуни 2023, ( МИА) – Средношколската кошаркарска екипа на СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка заедно со тимот на гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје се македонските претставници во женска конкуренција на Европското средношколско кошаркарско првенство што с еодржува во Скопје.

 

„Ѓорче Петров“ е актуелен државен средношколски првак, победник на државните натпреварувања во организација на Федерација на училишен спорт на Северна Македонија.

 

- Овие наши ученички-кошаркарки се вистинска гордост на училиштето. Под водство на професорот Ведран Белешковски тие не претставуваат во најдобро светло бележејќи успеси втора година по ред на највисокото државно натпреварување, без конкуренција. Mинатата година беа прваци, по што освоија вицешампионска титула на Балканските средношколски игри и се пласираа на Светско првенство во Белград. Годинава повторената шампионска титула на државно првенство на ФУСМ, ги лансираше на Европското првенство во Скопје, за првпат сме на Европско првенство и им посакуваме успех на претстојните натпревари, со порака дека во нашите срца тие веќе се шампионки, рече директорката на СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка, Елена Ѓоргиевска.

 

Средното општинско училиште Ѓорче Петров, Крива Паланка во 2012 година во машка конкуренција, кошарка, освои бронзени одличја, додека женскиот тим истата година заврши четвртопласиран на Гимназијада 2012 во Прилеп, двата тима под водство на професорот Белешковски. ид/зс/

Остани поврзан