• недела, 24 ноември 2024

Кошаркарките на Крива Паланка ја добија мајсторката со Струга и се пласираа во полуфиналето

Кошаркарките на Крива Паланка ја добија мајсторката со Струга и се пласираа во полуфиналето
Крива Паланка, 28 април 2022 ( МИА) - Крива Паланка синоќа ја победи Струга со 71:68 во дуел што се одигра пред преполната сала на свој терен и го обезбеди пласманот помеѓу четирите најдобри. Во тежок и неизвесен меч, со изедначена игра на двете екипи, победникот се решаваше во последните секунди. Ова беше и единствена серија од плејофот во која се играше „мајсторка“  во женскиот шампионат. Струга не најде одговор за ударното трио на домашниот табор: Марта Вуловиќ, која постигна дабл-дабл ефект од 24 поени и 16 скока, а Марија Петровиќ и Михаела Алексовска реализираа по 20 поени. Хадиса Зендели беше најефикасна во гостинскиот тим со 19 поени, придружувана од капитенот на Стружанки, Тања Стојановска, со 18 поени. Во полуфиналето Крива Паланка ќе се соочи со Бадел. Како првопласиран тим, Бадел ќе ја има предноста во серијата со Крива Паланка која ќе започне на 30 април, сабота, а истиот ден ќе се одигра и втората полуфинална серија помеѓу Баскет Кам и Вардар. ид/зс/

Остани поврзан