• среда, 25 декември 2024

Кошаркарките на Баскет кам 2011 ќе ја бранат титулата против Вардар

Кошаркарките на Баскет кам 2011 ќе ја бранат титулата против Вардар

 

Македонска Каменица, 10 мај 2024 (МИА) – Кошаркарките на Баскет кам 2011 ќе ја бранат шампионската титула, откако вечерва во решавачкиот дуел триумфираа убедливо над Крива Паланка со 80:53 за конечни 2-1 во победи во полуфиналната серија.

Димова со 24. поени ја предводеше екипата од Македонска Каменица до победата, а голем придонес дадоа и Зубац со 16, Кметовска со 14 и Максимовска со 12. поени.

Во последниот натпревар за екипата на Крива Паланка во оваа натпреварувачка сезона, Американката Мазук реализираше 17. поени, Алексовска даде 13, но недостасуваа поените на МекКала и Хавкинс, кои заедно реализираа 15 поени.

Големото финале меѓу Баскет кам 2011 и Вардар, кое ќе го одреди новиот шампион на Македонија во женска сениорска конкуренција, се игра во серија до три победи.

Финалната серија ќе стартува на 15 мај. ег ФОТО: КФСМ

Остани поврзан