• петок, 27 декември 2024

Коциќ: Ја ограничивме маржата на најмногу 10 отсто за дрвата и пелетите за огрев, го штитиме стандардот на граѓаните

Коциќ: Ја ограничивме маржата на најмногу 10 отсто за дрвата и пелетите за огрев, го штитиме стандардот на граѓаните

Скопје, 13 август 2022 Владата предводена од СДСМ во време на светска енергетска и економска криза презема мерки за заштита на економскиот стандард на граѓаните.Донесена е Одлука со која се определува највисока трговска маржа во висина од најмногу до 10 отсто во трговијата со огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев.Оваа одлука важи за сите трговски друштва и трговци-поединци кои учествуваат во трговијата на мало во продажбата на огревно дрво и пелети за огрев, со цел да се заштитат потрошувачите од неконтролирано покачување на цените на стоките за огрев.Ова е особено важно затоа што домаќинствата се наоѓаат во период на подготвка за грејната сезона и побарувачката за орегвно дрво и пелети е драстично зголемена.Одлуката ќе се применува до 31 декември 2022 година, а нејзиното почитување ќе се контролира од надлежните институции.На сила до крајот на септември се уште важат ограничувањата на маржите на основните прехранбени продукти.Сто ова, почитувани е во насока на заштита на стандардот на семејствата од последиците што со себе ги носи глобалната економска криза.Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики што го штитат стандардот на граѓаните и обезбедуваат стабилна и ликвидна економија.

Новинарско прашање:

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за загрозување на здравјето на граѓаните поради тоа што пациентот суспектен дека е заразен со мајмунски сипаници не бил принуден да се тестира?

Одговор: Го слушав пресот на колешката Стојановска и две работи имам да коментирам. Прво, покажуваат целосно непознавање на здраствената политика којашто се води во државата, но и непознавање на инфектологијата и епидемиологијата како дел од здравствената медицина. И второ, покажуваат непознавање и непочитување на стручните и професионалните тела како што е Комисијата за заштита од заразни болести. Познато ни е што правеа за време на корона кризата и повторно истото се повторува, двојните стандарди на партијата ВМРО-ДПМНЕ, кога за време на корона кризата предложивме задолжителна вакцинација на граѓаните кои беа директно изложени на повеќе контакти, тие тогаш беа против ова бидејќи се загрозувале човековите права, сега двојниот стандард е во тоа што бараат насилно и принудно да се изврши тестирање на пациент суспектен на мајмунски сипаници. За среќа доброволно се изврши тестирање на пациентот и негативен е тестот меѓутоа останува фактот дека единствено со што се занимава ВМРО-ДПМНЕ е ширење на дезинформации и паника. Ние како СДСМ и Владата што ја предводи нашата коалиција ќе продолжиме да ги почитуваме професионалните ставови на Комисијата за заразни болести и стручните професионалци во неа со цел да ги заштитиме колективното и лично здравје.

Прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ

Центар за комуникации на СДСМ

______________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан