• четврток, 26 декември 2024

Коциќ: Македонскиот јазик во ЕУ влегува со чиста формулација

Коциќ: Македонскиот јазик во ЕУ влегува со чиста формулација
Скопје, 18 јули 2022 Сите лаги на Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и Левица потонаа во вода! Вчера и јавно се објави Протоколот и сега е јасно како бел ден, се’ што кажаа излажаа. Се докажа она што постојано го тврдевме, македонскиот јазик во ЕУ влегува со чиста формулација, без фусноти без никакви придавки и дополнителни објаснувања. Нема никаква бугаризација и асимилација како што лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Комисијата целосно автономно одлучува и содржински и временски без да им се меша политиката и без рокови. Имаме гарантиран реципроцитет за сите прашања, тоа што важи за нас важи и за Бугарија. Дополнително, без согласност на двете страни нема да има можност да се случи никаква промена во однос на која било од точките што се во Протоколот. За разлика од Мицкоски, кој својата земја ја нарекува НМК, со овој протокол се гарантираат одлуки кои ќе бидат базира врз научни факти и кои ќе мора да бидат верификувани од целата наша комисија. Протоколот потврдува: воопшто не е поврзан и не ги условува почетокот на преговорите, тие започнуваат утре преки првата меѓувладина конференција и старт на скринингот. Потонати се сите лаги кои со недели ги пласираа анти европските структури, Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот проруски партнер Левица. Хистерично и под секое нормално човечко ниво, ширеа невистини, си поигруваа со чувствата на граѓаните, на Македонците. До ден денеска за ваквите срамни изјави и навреди нема никакво извинување. Точно 27 пати во протоколот се споменува терминот кој се однесува на реципроцитетот односно, „двете држави“. Точно толку земји членки на ЕУ ги слушнаа и видоа говорите на пратениците на Мицкоски кои им порачаа на сите нив дека и на Фон дер Лајен, како и сите амбасадори кои беа присутни во собраниската салата дека се нацисти. А досега нема никако извинување од страна на ВМРО ДПМНЕ ниту за овие навреди. За ваквата злоупотреба и изживување врз сопствениот народ, врз нашите пријатели од Европската унија, тоа е најмалку што требаше да го направи Мицкоски. Очигледно Мицкоски тоне длабоко и сака да ги повлече и граѓаните со него и целата држава.  Тоа нема да му го дозволиме. Дражавата продолжува напред. Реализирана е уште една стратешка цел – почнуваме преговори за членство во ЕУ. Членство во ЕУ како Македонци со чиста формулација на македонскиот јазик и со билатерални прашања надвор од процесот.
Прашање: Мицкоски најавува референдум, кој е вашиот став?
Одговор: Сите лаги на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и Левица паднаа во вода. Затоа што не се менува ниту идентитетот, не се преговара ниту за јазикот, ниту за идентитетот ниту за историско -образовните и културните посебности, а и историските прашања не се дел од преговорите со ЕУ. Повеќе од две недели ги лажеа граѓаните, ги хушкаа и предизвикуваа да прават тензии и немири со цел да нема почеток на преговори со ЕУ со единствена цел борба за власт, без никаква реформа во нивната партија, со криминална матрица каква што беа и сеуште се. Јас ќе поставам едно реторичко прашање, за што Мицкоски бара референдум? Пред неколку денови Собранието донесе заклучоци со кои се задолжува Владата, оваа и секоја идна, да во текот на преговорите со ЕУ нема да смее да преговара за македонскиот јазик, идентитет и историја, а билатералните прашања да не бидат дел од преговарачката рамка. Дали ова им смета на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски? Дали се против на она што го донесовме како заклучоци во Собранието со што ја обврзуваме Владата?
  Прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ Центар за комуникации со јавноста

———————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан