• сабота, 23 ноември 2024

Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта

Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски е назначен за вршител на должноста на Јавното претпријатие за државни патишта откако новиот Управен одбор го разреши досегашниот директор Ејуп Рустеми. 

Трајановски беше избран за градоначалник на Скопје во 2009 година и оваа функција ја извршуваше до 2017 година кога функцијата прв човек на град Скопје ја презеде Петре Шилегов. Трајановски ја извршуваше и функцијата градоначалник на Гази Баба до 2005 година.  

Досегашниот директор на ЈПДП Рустеми на оваа функција беше од 2020 година. лв/бак/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан