• среда, 25 декември 2024

Коцевски: Се постапува по предметот за кривичните пријава за издавањето на личните документи

Коцевски: Се постапува по предметот за кривичните пријава за издавањето на личните документи

Скопје, 26 февруари 2024 (МИА) - Јавното обвинителство има формирано предмет во кој се споени три кривични пријави во врска со издавањето на личните документи, по него се постапува професионално, и доколку има или нема кривично дело, ЈО ќе донесе соодветна одлука, изјави јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски.

Во интервју за Слободен печат, Коцевски вели дека едната пријава е поднесена малку порано од граѓанин, а другите две се од пред некој ден, од политички партии, односно нивни претставници.

- За нив се води единствена постапка. Во оваа фаза од постапката ниту јас, ниту друг обвинител, не би можеле да дадеме многу податоци. Се постапува професионално, се проверуваат сите докази и доколку има или нема кривично дело, верувајте дека ЈО ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука врз основа на доказите со кои располага, вели тој.

Дополнува дека предметот е заведен, доделен на јавен обвинител и се преземаат одредени процесни дејствија. ар/лв/

Остани поврзан