• четврток, 26 декември 2024

Коцевски: Здружението на јавните обвинители – активен партнер во реализација на приоритетите

Коцевски: Здружението на јавните обвинители – активен партнер во реализација на приоритетите

Скопје, 23 февруари 2024 (МИА) - Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски во своето обраќање на Годишното собрание на Здружението на јавните обвинители изразил поддршка за работата на оваа организација во која членуваат јавни обвинители и стручни јавнообвинителски службеници.

- Највисоко на мојата агенда ќе ги поставам гаранциите за вашата независност и самостојност во постапувањето. Ќе барам резултати, но и ќе се залагам да ги имате потребните услови за работа, рече Коцевски, кој и самиот девет години бил член на Извршниот одбор на Здружението, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Тој истакнал дека од изборот на новите органи и практичното рестартирање на Здружението во декември 2022 година, веќе се реализирани неколку успешни активности, а како особено корисни ги оцени дискусиите со поддршка на ОПДАТ и Амбасадата на САД за процедурите на спогодување и за обезбедување докази од странство, потпишувањето на Протоколот за соработка со МВР, како и иницијативата на Здружението при предлагањето на измените на Етичкиот кодекс на јавните обвинители. аа/

Фото: ЈОРСМ

Остани поврзан