• недела, 24 ноември 2024

Коцевски апелира до велешани да не фрлаат неизгасната жар во новите подземни контејнери

Коцевски апелира до велешани да не фрлаат неизгасната жар во новите подземни контејнери
Велес, 29 јануари 2021 (МИА) - Подземниот контејнер лоциран пред рампата на пругата кај мостот „Гемиџии“, еден од новите седум подземни контејнери во Велес кои беа поставени во функција овој месец, во изминативе денови веќе Гореше на двапати поради неизгасната жар, поради што мораа да интервенираат од ТППЕ Велес. Воедно штетата е голема затоа што се изгорени две внатрешни вреќи за одлагање на смет, од кои само една чини 400 евра.

Градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес-конференција апелираше до граѓаните за совесно користење на новите подземни контејнери и да го читаа упатството за употреба и  да не фрлаат неизгасната жар од своите домашни огништа и со тоа да не предизвикуваат штети.

- За жал граѓаните не ги почитуваат и не ги читаат упатствата што се напишани на контејнерите и истураат жар и пепел од нивните печки за греење од нивните домови, со што се запалени две внатрешни вреќи за смет од кои само една чини 400, а штетета е 800 евра, информира Коцевски.

Тој додаде дека Општината веќе  им дала задача на инспекторите и комуналните редари посебно внимание да посветат на новите подземни контејнери и да внимават што граѓаните фрлаат  во нив.

Тој најави дека Општина Велес и ЈКП„„Дервен“ и годинава ќе продолжат со поставување на нови  подземни контејнери и  на други локации во градот. ад/ки/

Остани поврзан