• недела, 24 ноември 2024

Кофод: Очекувам Данска да се приклучи на европската безбедносна политика од 1 јули

Кофод: Очекувам Данска да се приклучи на  европската безбедносна политика од 1 јули
Копенхаген, 2 јуни 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Данска Јепе Кофод рече дека очекува земјата да може да се приклучи на заедничката безбедносна политика на ЕУ од 1 јули оваа година. Тој денеска изјави дека има „низа формални чекори“ кои треба да се исполнат пред да се приклучи Данска во европската безбедносна политика. Првиот е данскиот Парламент да ги ратификува резултатите од вчерашниот референдум, на кој, според официјалните резултати, 66,9 отсто од гласачите се изјасниле дека поддржуваат приклучување кон безбедносната политика на ЕУ. Излезноста беше 65,7 отсто. Кофод го нарече референдумот „добар и важен чекор“. Премиерот Мете Фредериксен рече дека резултатите се „јасен сигнал“ за рускиот претседател Владимир Путин. Главниот ефект од пристапувањето на Данска во рамки на безбедносната политика на ЕУ ќе биде учеството во разговорите со европските колеги за безбедносни прашања, а војниците од таа земја ќе учествуваат во воените мисии на Унијата. паг/  

Остани поврзан