• вторник, 24 декември 2024

Костофски за Македониум: Имаме одговорност како родители да им го пренесеме македонскиот јазик на нашите деца

Костофски за Македониум: Имаме одговорност како родители да им го пренесеме македонскиот јазик на нашите деца

Тирана, 21 февруари 2023 (МИА) – Имаме одговорност како родители да им го пренесеме македонскиот јазик на нашите деца. Тоа јас го правам на мојата ќерка, исто како што тоа го правеле нашите родители, порачува Марјана Костофски, член на македонската заедница при Комитетот за национални малцинства на Албанија, по повод денешниот ден.

Потсетува дека меѓународниот ден на мајчиниот јазик е меѓународен ден прогласен од УНЕСКО во 1999 година.

Како таков, додава, секоја година се слави на 21 февруари и нагласува дека целта на неговото одбележување е промоција и свесност за јазичната и културната различност како и промоција на повеќејазичноста.

-Јазиците на националните малцинства во Република Албанија се дополнителна вредност за нацијата. Ние Македонците мораме да продолжиме да го чуваме нашиот мајчин јазик, да го пренесуваме од колено на колено, како и нашите предци, бидејќи јазикот е култура и наше обележје, вели таа во пораката дадена за весникот „Македониум“. вт/ир

Остани поврзан