• среда, 25 декември 2024

Костас Слукас се врати во Олимпијакос

Костас Слукас се врати во Олимпијакос
Атина, 24 јули 2020 (МИА) - Олимпијакос го објави потпишувањето на договорот со грчкиот кошаркар Костас Слукас. На својата официјална веб-страница, Олимпијакос му посака добредојде на својот поранешен член. Триесетгодишниот кошаркар, последните пет сезони ги помина на Фенербахче. Минатата сезона Слукас имаше просек од 11,6 поени, 2,8 скока и 6,1 асистенции по натпревар. За потсетување, Гркот веќе играше за Олимпијакос во периодот од 2008 до 2015 година. зс/

Остани поврзан