Костадинов: Ако информациите се лажни, зошто Тошковски не поднесе пријава против мене
- Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на својот профил на Фејсбук ја коментираше реакцијата на Панче Тошковски на информациите што тој ги изнесе на денешната прес-конференција во врска со
![Костадинов: Ако информациите се лажни, зошто Тошковски не поднесе пријава против мене](https://new.mia.mk/index.php/images/20221102220550_big_730x400_34.webp )
Скопје, 29 февруари 2020 (МИА) - Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на својот профил на Фејсбук ја коментираше реакцијата на Панче Тошковски на информациите што тој ги изнесе на денешната прес-конференција во врска со работењето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како директор на тогашен ЕЛЕМ, нагласувајќи дека ако тие се лажни зошто Тошковски не поднесе пријава против него.
- Гледам Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ реагирал на мојата изјава каде објавувам документи, кои претставуваат сериозни индиции за сторено кривично дело од страна на Христијан Мицкоски. Има две клучни поенти во изјавата и реакцијата. Имено, јас кажав дека случајот ќе го пријавам во надлежните институции. Од друга страна доколку како што вели Тошковски информациите се лажни и дека СДСМ клевети, зошто не поднесе соодветна пријава против мене? Мислам дека на сите ви е совршено јасно нели? Исплашени се и од поразот на 12 април, уште повеќе од правдата која следува, наведува Костадинов во статусот на својот Фејсбук профил. сп/
![Костадинов статус](/articles/images/kostadinov-ako-informaciite-se-lazhni-zoshto-toshkovski-ne-podnese-pri/uZkYCQXAm/placeholder.webp?use_watermark=0)