• среда, 25 декември 2024

Костадинов: Обезбедени 65 милиони денари за втората фаза од изградбата на социјалната населба

Костадинов: Обезбедени 65 милиони денари за втората фаза од изградбата на социјалната населба

Струмица, 19 декември 2023 (МИА) - Социјалната населба се гради според планираната динамика, а денеска потпишав договор со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и преку Владата обезбедивме 65 милиони денари за втората фаза од изградбата на населбата, соопшти денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Тој во објавата на социјалните мрежи посочува дека при крај се градежните активности од првата фаза во делот на нискоградбата која чини 100 милиони денари, а опфаќа изградба на пристапна улица, изведба на планирани платформи за куќи, потпорни ѕидови и инфраструктурни активности.

-Социјалната населба е еден од најголемите капитални проекти за кој требаше голема храброст и силна одлучност, а кој се решава повеќедецениски проблем во долното и горното Турско маало во Струмица, а изградбата на социјалната населба е уште една потврда дека јас моите ветувања ги исполнувам и за мене зборот е збор, напиша струмичкиот градоначалник.рт/фф/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан