• недела, 24 ноември 2024

Костадинов на увид во градежните работи во село Банско

Костадинов на увид во градежните работи во село Банско

Струмица, 30 април 2024 (МИА) - Во Банско денеска се асфалтираа три улици, а поголем дел од селото е покриено со изградбата на фекалната канализација, изјави денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој денеска беше на увид на градежните работи во ова населено место.

Според струмичкиот градоначалик, продолжува изградбата на фекалната канализација, а најави дека се обезбедени средства за изградба и на пречистителна станица.

-За неа се обезбедени 30 милиони денари од Министерството за животна средина и просторно планирање. Покрај тоа, го знаеме проблемот на Банско со водата за пиење, бидејќи филтер станицата е дотраена и затоа изработивме проект во вредност од 43 милиони денари и набргу ќе биде објавена јавната набавка, изјави Костадинов.

Додаде дека покрај овие инфраструктурни зафати, за идната година се планира урнување на дотраениот и руниран дом на културата и на негово место ќе се изградат парк и мултифункционално детско игралиште. рт/сст/

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан