• вторник, 24 декември 2024

Костадинов: Мицкоски и Вело Марковски го загрозуваат здравјето и се радуваат на несреќи

Костадинов: Мицкоски и Вело Марковски го загрозуваат здравјето и се радуваат на несреќи
Скопје, 11 ноември 2020 Прес-конференција на Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски остануваат најголемата закана по јавното здравје. Последните изјави на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Вело Марковски носат нов скандал. Вело Марковски на сите доктори кои препишуваат „Сумамед” во стандардна терапија индиректно им го стави на товар бројот на починати од “Ковид-19”. Претходно, овој член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ ги убедуваше граѓаните дека вирусот не е опасен, дека нема да има есенски бран и дека маски воопшто не треба да се носат. Со тоа Марковски се обидува да го поткопа здравствениот систем. Истовремено, неговиот шеф, Мицкоски секојдневно се радува на бројот на починати од Ковид 19. Како едвај да чека бројот на починати од коронавирусот да се зголемува, за навечер да објавува содржини на социјалните мрежи каде ликува, се радува на несреќата на стотици семејства. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа се Мицкоски и Марковски, мрачни некрофили кои се обидуваат политички да профитираат врз несреќата на граѓаните. Ним не им е битно здравјето на граѓаните. Напротив, се обидуваат на секој начин да го поткопаат здравствениот систем, да ја отежнат работата на здравствените работници. Наместо помош и поддршка, од почетокот на пандемијата па се до денес, граѓаните од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ гледаат само опструкции, лажни вести и масовно кршење на мерките за заштита од ковид 19. Заради таквото однесување Мицкоски е казнет од граѓаните, заради таквото однесување ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција и уште долго ќе остане таму. Прашање:  Дали вашиот претседател Заев, ве информираше околу вчерашните разговори во Софија, околу спорот и воедно како ги коментирате изјавите на Каракачанов кој вчеравечер па и утринава излезе со исклучително тврди ставови од типот дека сме вештачка творба, дека сме коминтеровска творба, дека сме дијалект бугарски и така натаму? Одговор: Секако дека таквите изјави ги отфрламе најсериозно и најодговорно. Нашите позиции во однос на разговорите се сосема јасни, дека ние за нашиот идентитет и за нашиот јазик македонски, не преговараме. Во овие ситуации исклучително е важно и од наша страна и од бугарска страна да владее разумот и да владеат европски манири, нешто за коешто стремиме и двете држави. Јас сум сигурен дека по пат на разговор со здрав разум треба да се даде шанса на разговорите и конечно да се изнајде можно решение. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки https://www.youtube.com/watch?v=0TUXHG_yl4w  

Остани поврзан