• среда, 25 декември 2024

Костадинов: Да го поставиме стратешкиот интерес на државата за членство во ЕУ на пиедестал

Костадинов: Да го поставиме стратешкиот интерес на државата за членство во ЕУ на пиедестал

Скопје, 20 ноември 2023

Верувам, очекувам и секогаш ќе се борам дека ние мораме да го трасираме патот на државата во правецот каде што е нашата иднина и нашата можност да создадеме функционална европска држава и систем и јас не гледам алернатива. Точно знаеме каде треба да се движиме и како треба да се движиме, истакна потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов, во разговор за „Студио 10“ на телевизија 24.

Костадинов нагласи дека патот кон ЕУ е трасиран и мора заеднички да се направи национално единсво и да нема дилеми кои се стратешки цели на државата.

Ние често за тесно партиски цели знаеме да ги жртвуваме стратешките цели. Тука не смее да има компромис. Да го поставиме стратешкиот интерес на државата на пиедестал. Во каков амбиент функционираме и како ќе ја сакаме и негуваме државата зависи само од нас, рече Костадинов.

Потпретседателот на СДСМ Костадинов нагласи дека државата треба да се развива во еден контекст на дела, а не зборови.

На секој граѓанин му е преку глава од дневно политички партиски препукувања. Мораме да се развиваме како општество кадешто ќе има мерливи критериуми за тоа што сме постигнале, рече Костадинов, додавајќи дека не смее да направи поделба на граѓаните по ниту еден основ.

Костадинов, како градоначалник на општина Валандово, изрази задоволство од сработеното во изминатиот период, иако се фунцкионира во турбулентни времиња и од економски, енергетски, а претходно и од здравствен аспект.

Во овој период предизвик беше енергетската криза која бараше многу маневри за покривање на трошоците за електрично осветлување на градот. Ние успеавме да го изменаџираме тоа оти и во претходниот мандат инвестиравме во енергетска ефикасност. И социјалната компонента е нагласена во нашата општина. Детските градинки се бесплатни, а има и помош за лицата со посебни потреби, на што сум особено горд и задоволен, нагласи Костадинов.

Тој истакна дека Валандово има потенцијал за развој преку земјоделието посебно органското и тука нема дилеми околу одбивањето на отворањето на рудникот Казандол.

Ние се трудиме да обезбедиме се што е потребно за младите да останат да живеат во Валандово, истакна Костадинов, кој за својата работа е избран од Шведскиот институт меѓу пет градоначалници во светот кои се креатори на промени во својата средина.

Најдобриот суд секогаш го даваат граѓаните. Ние како локална самоуправа, знаеме што првиме имаме визија. Мора да се поработи на децентрализацијата, општините сами да го креираат својот развој. Како почнува европскиот пат, ќе мора да се изедначиме со стандардите на ЕУ што ќе биде многу знаајно и на полето на функционирање на локалната самоурава во иднина, истакна потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов, во разговор за „Студио 10“ на телевизија 24.



Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан