• среда, 25 декември 2024

Костадинов ги информираше претставниците на американската амбасада за проблемот со водата за пиење во Струмица

Костадинов ги информираше претставниците на американската амбасада за проблемот со водата за пиење во Струмица

Струмица, 5 ноември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска беше домаќин на претставници на Амбасадата на САД во нашата земја предводени од Кели Мекејлеб офицер за политички прашања во Амбасадата и нејзините соработници. На средбата посебен акцент бил ставен на предизвиците со коишто се соочуваше и се уште се соочува Општина Струмицаво последниот месец, како што се водата за пиење и недобивањето средства за новиот градски пазар од унгарскиот кредит, информираа од локалната самоуправа.

- Претставниците на Амбасадата се интересираа, а градоначалникот Костадинов детално ги информираше за голготата со водата којашто Општината и ЈПКД „Комуналец“ ја поминаа исклучиво сами и без никаков интерес и поддршка од владините институции иако тие имаат надлежности, како и за тоа дека Струмица остана единствена општина којашто не само што не доби средства, туку остана и без писмено известување зошто е одбиена од унгарскиот кредит иако и струмичани ќе ја имаат обврската за неговото враќање. При тоа градоначалникот им ги објасни и причините за подигањето на алармот во ЗЕЛС, се наведува во информацијата од Општина Струмица.

Се додава дека струмичкиот градоначалник и се заблагодарил на Мекејлеб за покажаниот интерес и дадената поддршка на Струмица и струмичани во време кога тие се соочуваат со сериозни предизвици и сами бараат и наоѓаат решенија за нив. рт/цр

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан