• среда, 13 ноември 2024

Костадиновски по повод Илинден: Должни сме да бидеме лојални на Републиката и на Уставот

Костадиновски по повод Илинден: Должни сме да бидеме лојални на Републиката и на Уставот

Скопје, 2 август 2024

По повод одбележувањето на денот на Републиката 2 август Илинден, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија д-р Дарко Костадиновски во свое лично име и во име на Судот ја упатува следната честитка:

Почитувани сограѓани,

Денес, 121 година од Илинденското востание и 80 години од првото заседание на АСНОМ, со восхит за идеалите и почит за жртвите на нашите славни претци, живееме со нивниот завет. Обврзани сме да ја чуваме слободата и независноста на нашата Република. обврзани сме да обезбедиме севкупен прогрес и просперитет за достоинствен живот. 

Должни сме да бидеме лојални на Републиката, лојални на Уставот. Силата на Уставот лежи целосно во посветеноста на секој граѓанин да го штити истиот. Само доколку секој еден од нас ја чувствува таа должност, уставните права ке бидат заштитени. Изградбата на правната држава денес е чин на врвен патриотизам и љубов кон сопствената татковина. Тоа е најсигурниот начин да го зачуваме заветот на нашите претци на кои денес понизно се поклонуваме. 

Нека е честит и вековит Илинден, денот на Републиката! 

Претседателот на Уставниот суд, д-р Костадиновски по повод големиот празник денеска положи цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Уставен суд

________________________________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан