• недела, 24 ноември 2024

Костадиновска – Стојчевска: Некои кандидати на ВМРО-ДПМНЕ се познати по деструктивна политика

Костадиновска – Стојчевска: Некои кандидати на ВМРО-ДПМНЕ се познати по деструктивна политика

Скопје, 26 март 2024 

„Од она што можеме да го видиме, од имињата со кои што и самите органи на партијата истапуваат, па ги кажуваат, па се премислуваат, не би искоментирала ништо ново, тоа се лица кои ние ги гледавме порано заплеткани во одредени скандали, лица кои што од изборната единица од која доаѓаат апсолутно со ништо не придонеле да се подобри, да предложат некое законско решение, некоја одредена мерка, туку напротив во последните четири години од она што можеме да го видиме не само од мојата изборна единица Изборна единица 5, туку и сите изборни единици беа конструкции, не доаѓаа на работа во Собрание, не гласаа закони за граѓаните.“- изјави потпретседателката на СДСМ и министерка за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска, во интервјуто за ТВ Слободен печат.

Според неа, граѓаните ја препознале деструктивната политика на опозицијата.

„Таму нема нов избор, тоа се истите политики на деструкција, само за да се искористат средствата на граѓаните, тоа се истите познати политики. Тоа се истите лица кои за време на ковид кризата требаше да им помогнат на граѓаните а тие одбија да ги гласаат пакетите со економски мерки.“- дополни Костадиновска – Стојчевска.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ 

Остани поврзан