• петок, 27 декември 2024

Костадиновска Стојчевска: Повисоки плати и по прв пат К-15 за културните работници

Костадиновска Стојчевска: Повисоки плати и по прв пат К-15 за културните работници

Скопје, 5 ноември 2023 (МИА) - Повисоки плати и по прв пат К-15 во паричен надоместок за културните работници, напиша на својот Фејсбук профил министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

-Околу 3400 вработени во културните установи добија по 10.000 денари повеќе на својата сметка, регрес за годишен одмор за 2023 година. Обезбедивме над 37,6 милиони денари за К-15 на вработените во националните и локалните установи од областа на културата. Успеавме да ги зголемиме платите на сите профили, согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, напиша Костадиновска Стојчевска.

Министерката напоменува дека во изминативе две години вработените во културните институции добиле повисоки плати за 43 проценти.

-Само во последнава 2023 година имаше две покачувања. Поддршката на културните работници и институции е клучна за одржливиот раст и живост на нашиот културен сектор. Платите ќе продолжат да растат, Владата останува партнер со работникот, потенцира Костадиновска Стојчевска.фф/ев/

Фото: Фејсбук на Бисера Костадиновска Стојчевска 

Остани поврзан