• среда, 25 декември 2024

Костадиновска-Стојчевска: Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани добива целосно нов изглед, инвестирани над 26 милиони денари

Костадиновска-Стојчевска: Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани добива целосно нов изглед, инвестирани над 26 милиони денари
Скопје, 4 ноември 2022 (МИА) - Преку програмите за изградба на нови објекти и реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата, досега се инвестирани над 26 милиони денари за реконструкција на Центарот за култура во Кочани, соопшти Министерството за култура. – Проектната документација е целосно обезбедена и завршена во 2016 година. Реконструкцијата на објектот на НУ ЦК  „Бели мугри“ во Кочани е започната во 2018 година со изведба на фазата за реконструкција на покривот, реконструкција на фасадата и промена на фасадната столарија. Со реализацијата на оваа фаза, извршена е комплетна изведба на енергетски ефикасна фасада и изолација на објектот. Нам, како Влада, приоритет ни е сите културни центри, кои со години биле запоставени, во континуитет да се реконструираат, а со тоа ќе се подобри работата на културните работници и ќе се збогати културно-забавниот живот на граѓаните, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која беше на увид во Кочани. Таа при увидот додаде дека реконструкцијата на објектот продолжи во 2021 година кога беше започната реконструкцијата на гледалиштето во внатрешноста на објектот. Oваа фаза се реализираше со средства во износ над 3 милиони денари. – Во согласност со планот за реконструкција за оваа 2022 година, предвидени се 16 милиони денари, а заклучно со октомври се реализирани над 8 и пол милиони денари, а во тек е реализацијата на уште еден договор кој се однесува на набавка и монтажа на седишта во гледалиштето, кој е во вредност од над 7 милиони денари и се очекува до крајот на годинава да биде реализиран целосно. Во текот на следната година, со реконструкција на системот за греење и ладење во објектот, на делови од електричната инсталација, реконструкција на сцената и на административниот и техничкиот простор од објектот, ќе се изврши целосна  реализација на предвидениот проект за реконструкција на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, додаде Костадиновска-Стојчевска. рп/ац/  

Остани поврзан