• сабота, 23 ноември 2024

Костадиновска-Стојчевска: Следниот месец започнува адаптацијата на училиштето во Љубојно

Костадиновска-Стојчевска: Следниот месец започнува адаптацијата на училиштето во Љубојно

Скопје, 20 декември 2023 (МИА) - Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска се сретна со директорката на Заводот и музеј – Битола, Мери Стојанова, со која разговараше за тековните активности поврзани со реконструкцијата и адаптацијата на старото училиште „Димитар Влахов“, во село Љубојно, во Центар за промоција на македонскиот јазик.

-На средбата, беа дефинирани активностите што ќе следуваат по завршувањето на тендерската постапка, која е во тек. Теренот е подготвен, кажа министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, и следниот месец може да започне реновирањето на старото училиште, информираат од Министерството за култура.

Министерката Костадиновска-Стојчевска рече дека успеале проектот за старата зграда, темелот на македонскиот културен и национален идентитет, да го донесат до фаза на изведба.

-Обезбедивме 32,8 милиони денари во следните две години, за целосна изградба на Центарот за промоција на македонскиот јазик, истакна министерката за култура.

Во тек е последната фаза пред започнувањето на градежните работи, а тоа е тендерот за изведувач, по чие завршување, во јануари започнуваат градежните работи.

Претходно, надлежната установа, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, ги презеде сите неопходни чекори за реализација на овој значаен проект, односно беа изработени Геодетскиот елаборат и Урбанистичко-архитектонскиот проект, потоа Идеен и Основен прокет, за кои е добиено конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културното наследство. сст/аа/

фото Министерство за култура

Остани поврзан