• среда, 25 декември 2024

Костадиновска-Стојчевска од Крушево: Продолжуваме да ги чуваме и реализираме вредностите на двата Илиндена, 1903 и 1944 година

Костадиновска-Стојчевска од Крушево: Продолжуваме да ги чуваме и реализираме вредностите на двата Илиндена, 1903 и 1944 година

Скопје, 2 август 2023 (МИА) - Со отворањето на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ синоќа на Гумење во Крушево,  под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“ и официјално почна чествувањето на големиот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

На отворањето на манифестацијата на која се обрати премиерот Димитар Ковачевски присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Како што соопшти Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска по повод одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и Крушевската Република порача - „Крушево одново сведочи на нашиот копнеж, на нашата битка до последен за слобода, на нашиот глас до светот дека ние Македонците сме жедни за своја Татковина и дека и ние Македоците имаме право на неа.

-Под бајракот на скапо платената слобода, продолжуваме да ги чуваме и реализираме вредностите на двата Илиндена, 1903 и 1944 година. Нашите илинденци, нашите партизани се најсветиот дел од нашата историја, од нашиот идентитет, рече Костадиновска -Стојчевска од Крушево.

Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево за присутните реализираше богата програма и целовечерен концерт на повеќе изведувачи. нд/

Остани поврзан