• вторник, 24 декември 2024

Костадиновска-Стојчевска на средба со префектот на Корча, Јоле: Соработката со Албанија дава резултати, нови проекти за развој на прекуграничните општини

Костадиновска-Стојчевска на средба со префектот на Корча, Јоле: Соработката со Албанија дава резултати, нови проекти за развој на прекуграничните општини

Корча, 29 март 2024 (МИА) - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари средба со префектот на округот Корча, Нертил Јоле, со кој разговараа за соработката помеѓу Северна Македонија и Албанија во областа на културата, за досегашната реализација на проектите и можноста за нови.

-Имаме одлична соработка и секоја укажана прилика ја користиме за продлабочување на пријателските врски меѓу двете држави. Традиционално добрите односи со Албанија дополнително ги зајакнуваме со прекуграничната соработка, како најдобар европски модел за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, изјави Костадиновска-Стојчевска.

Јоле од своја страна рече дека дека преку сериозна и темелна соработка на двете држави, важни проекти и иницијативи се реализирани во културата, инфраструктурата и туризмот, изразувајќи интерес за партнерство во идните проекти.

Двајцата се согласија дека Пустец, кој територијално припаѓа под оваа префектура, е посебен за двете држави и дека со унапредување на соработката не само во областа на културата ќе може да се направи многу повеќе за граѓаните од двете страни на границата.

Министерката потенцирање дека успешно реализираната иницијатива „Денови на македонската култура во Корча“ во која учество зеде и Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Тирана и Министерството за култура има големи придобивки во контекст на унапредувањето на културната соработка меѓу двете држави и изрази уверување дека оваа манифестација, со поддршка на округот Корча ќе стане традиционална, бидејќи е убава можност за промоција на македонската култура и истата ги негува релациите со Македонците во Корча.

На средбата, на која присуствуваше и Васил Стерјовски, професор на унивезтитетот во Корча,  беше истакната и петнаесетгодишната соработката помеѓу битолскиот универзитет со универзитет „Фан С. Ноли“ во Корча, како и за поддршката за промоција и афирмација на македонскиот јазик во Албанија, за што министерката Костадиновска - Стојчевска изрази верување дека иницијативата за изучување на македонскиот јазик на Универзитетот во Корча ќе има уште поголем од младите и идни студенти.

За средбата објава на Фејсбук имаше и Ноле, кој изразува големо задоволсто што бил гости на македонската министерка за кутура, со која „споделиле размислувања за интензивирање на соработката, фокусирана на нашиот регион каде што живее и македонската заедница, која е мост на односите и соработка со Северна Македонја“.

Костадиновска-Стојчевска заедно со директорката на Заводот и музеј – Битола, Мери Стојанова, преходно престојуваа во Пустец, од каде порача дека „соработка во културата ја зајакнуваме врската со нашинците во Преспа“.

Таа оствари средба со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски а го посети и Музејот посветен на ликот и делото на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во селото Глобочани. вт/аа/

 

Остани поврзан