• среда, 25 декември 2024

Костадиновска-Стојчевска: Изборите ќе бидат успешни, техничката Влада е подготвена да го овозможи тоа

Костадиновска-Стојчевска: Изборите ќе бидат успешни, техничката Влада е подготвена да го овозможи тоа

Скопје, 28 јануари 2024 (МИА) - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која и во техничката Влада продолжува да ја извршува функцијата во објава на „Фејсбук“ напиша дека изборите ќе бидат успешни и дека техничката Влада е подготвена да го овозможи тоа. 

-Новиот состав на Владата продолжува со работа на зацртаните приоритети и цели. Во следните 100 дена имаме голема одговорност и обврска да спроведеме слободни, фер и демократски избори, за да не оставиме простор за сомнеж, ниту пак причина да се фрли дамка на изборниот резултат. И подготвени сме за тоа, пишува во објавата.

Според Костадиновска-Стојчевска, учеството на сите партии во техничката Влада и меѓусебната соработка е гаранција дека заеднички ќе работат во организирањето на изборите, што е во интерес на граѓаните и иднината на државата.

-Сигурна сум дека ќе имаме успешни парламентарни и претседателски избори, во демократски услови, на кои граѓаните ќе одлучат државата да продолжи напред и да го задржи својот проевропски пат. Честитки до новиот мандатар Џафери и сите членови на техничката Влада. Нека ни е успешна работата, вели Костадиновска-Стојчевска во објавата. бак/вј/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан