• четврток, 12 февруари 2026

Косовскиот амбасадор Ќехаја во посета на Општина Дебар

Косовскиот амбасадор Ќехаја во посета на Општина Дебар

Дебар, 21 јануари 2026 (МИА) - Амбасадорот на Република Косово во Скопје, Флоријан Ќехаја денеска беше во посета на Општина Дебар при што беше примен од градоначалникот Фисник Меља, информираа од општината.

На средбата, како што се соопштува, станало збор за унапредување на меѓуинституционалната соработка, добрите односи меѓу двете држави, како и за можностите за идна соработка во области од заеднички интерес за граѓаните.

Амбасадорот Ќехаја му го честитал изборот на Меља за градоначалник, посакувајќи му успех во раководењето со општината и во реализацијата на проекти во интерес на граѓаните на Дебар.

Од своја страна Меља му се заблагодарил за посетата и за честитките, изразувајќи подготвеност за понатамошно продлабочување на соработката. вт/вг/

Фото: Општина Дебар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан