• четврток, 26 декември 2024

Косовската претседателка ѝ честита на Шведска на приемот во НАТО

Косовската претседателка ѝ честита на Шведска на приемот во НАТО

Приштина, 27 февруари 2024 (МИА) – Претседателката на Косово, Вјоса Османи му честита на премиерот на Шведска, Улф Кристерсон за добивањето зелено светло за зачленување во Северноатлантската алијанса, НАТО, јави дописникот на МИА од Приштина.

Откако вчера и Унгарија, како последна земја-членка на НАТО даде согласност за зачленување на Шведска, Османи преку својата страница на платформата „Х“ порача дека и Косово ќе продолжи да работи во правец на приклучување кон  Алијансата.

„Честитки премиеру Кристерсон! Ова е историски момент за безбедноста, превенцијата и одбраната на Европа. Косово ќе продолжи да работи со сојузниците во нашите напори да се приклучиме на Северноатлантската алијанса, придонесувајќи за една посигурна и побезбедна Европа“, напиша Османи. иа/сд/

Остани поврзан