• среда, 25 декември 2024

Косовската полиција фати 83 килограми хероин во камион на границата со Северна Македонија

Косовската полиција фати 83 килограми хероин во камион на границата со Северна Македонија

Приштина, 23 февруари 2022 (МИА) – Косовската полиција и Царините на Косово открија денеска поголемо количество дрога хероин во камион на царински терминал во Генерал Јанковиќ, на границата со Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претставници на Обвинителството вечерва на прес-конференција во Урошевац информираа дека 83,5 килограми хероин биле откриени во 160 пакувања сокриени во камионот во 32 рефлектори. Дрогата била спакувана во Турција, а крајна дестинација била Приштина.

Во акцијата се уапсени седум косовски државјани од Пеќ и од Приштина, а запленети се и едно комбе и возило Ланд Ровер. Надлежен обвинител им одреди на уапсените 48-часовен притвор, а по уште две лица е распишана потерница.

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља им четстита на институциите за успешно изведената акција за спречување на шверцот со дрога.

- Кога меѓу различните институции постои волја за искрена соработка со цел да се обезбеди владеењето на законот и борба против организираниот криминал, резултатите се неминовни. Честитки на Царината, Полицијата и Обвинителството, напиша Свечља на неговиот Фејсбук. иа/

Остани поврзан