• сабота, 23 ноември 2024

Косово планира годинава да аплицира за членство во ЕУ

Косово планира годинава да аплицира за членство во ЕУ

Приштина, 17 октомври 2022 (МИА)  Косовскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграции, развој и дијалог, Бесник Бислими, на денешната средба со амбасадорот на Франција во земјата, Оливие Гуеро, најави дека Косово годинава ќе аплицира за членство во Европската унија, со цел да се стекне со статусот на земја кандидат, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението од владината служба за информирање, Бислими на средбата со францускиот дипломат изјавил дека „оваа година е многу значајна за Косово кога е во прашање неговата европска агенда“.

- Косово е во шестата година од спроведувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација и е единствената земја од Западен Балкан која сé уште не аплицирала, така што сега е вистинскиот момент да се преземе еден таков чекор, рекол Бислими.

На средбата, се вели во соопштението, станало збор и за добрососедските односи во регионот и за дијалогот меѓу Косово и Србија со посредство на ЕУ. иа/паг/

Остани поврзан