• среда, 13 ноември 2024

Косачев: Треба остро да возвратиме, тоа беше удар врз Русија и Србија

Косачев: Треба остро да возвратиме, тоа беше удар врз Русија и Србија
Москва, 6 јуни 2022 (МИА) - Москва и Белград мора да одговорат исклучително остро на затворањето на воздушниот простор, од страна на соседите на Србија, за авионот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, смета потпретседателот на Горниот дом на рускиот Парламент, Константин Косачев. Според него, одлуката е удар врз Русија и на Србија, како држави. „Реакцијата, се надевам, ќе биде заедничка и крајно остра, во форма на, не само дипломатски протести, туку и конкретни, практични одговори. Тоа беше непочитување“, напиша тој на Телеграм. Како што истакна Косачев, одлуката на Бугарија, Црна Гора и на Северна Македонија, не била самостојна. „Со влезот во НАТО, сите три земји го изгубија суверенитетот“, тврди Косачев. Тој додаде и оти „НАТО со директна интервенција во билатералните работи на Русија и Србија се обидува да го заземе и потчине остатокот од Европа“. Следната фаза ќе биде „ширење на сојузот на целиот свет, каде по Русија, Кина ќе стане стратешка цел број два“, нагласи Косачев. Неговата реакција е една од низата, откако следуваше забраната за прелет на авионот со Лавров кон Србија, каде тој денеска требаше да пристигне во дводневна посета. бд/сд/

Остани поврзан