• недела, 24 ноември 2024

Корчок: НАТО формира борбени групи на источното крило

Корчок: НАТО формира борбени групи на источното крило
Братислава, 24 февруари 2022 (МИА) - НАТО планира да формира структури на борбени групи, какви што веќе има во балтичките земји, за земјите од неговото источно крило, најави денеска словачкиот министер за надворешни работи Иван Корчок, истакнувајќи дека Братислава ќе биде вклучена во тој процес. Корчок рече дека неговата земја дала согласност „да почне да планира такви чекори, кои се неопходни за одбрана на Алијансата и Словачка“. Амбасадорите на НАТО денеска се состанаа во Брисел на вонредна седница откако рускиот претседател Владимир Путин нареди воена операција врз Украина и се согласија да ги зголемат воздушните, копнените и поморските сили на нивното источно крило во близина на Украина и Русија. паг/  

Остани поврзан