• сабота, 31 август 2024

Короната влезе во европскиот шампион

Короната влезе во европскиот шампион
Минхен, 20 октомври 2020 (МИА) - Фудбалерот на Баерн Минхен, Серж Гнабри е позитивен на коронавирусот и ќе го пропушти утрешниот натпревар против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, објави германскиот клуб. Клубот изјави дека Гнабри е добро и дека тој во моментов е во изолација дома. Тој е првиот играч на Баерн кој е позитивен на вирусот. Покрај мечот со Атлетико, Гнабри ќе го пропушти и претстојниот дуел против Ајнтрахт во Бундеслигата. Тој ги започна сите дуели од почетокот на новата сезона во германскиот шампионат, а постигна „хет-трик“ на отворањето на сезоната против Шалке.

Тагови

Остани поврзан