• среда, 27 ноември 2024

Коронавирус во редовите на ПСЖ

Коронавирус во редовите на ПСЖ
Париз, 17 јули 2021 (МИА) – Новото засилување на францускиот фудбалски гигант ПСЖ, Мароканецот Ашраф Хакими, е позитивен на коронавирус, објавија денеска француските медиуми. Хакими беше позитивен на Ковид-19 и во октомври минатата година поради што го пропушти натпреварот меѓу Интер и Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампиони, но на тестирањето следниот ден беше негативен на вирусот. Мароканскиот репрезентативец ова лето премина од Интер во ПСЖ за 60 милиони евра. Парискиот весник Л”Екип објави дека позитивен на Ковид-19 во редовите на ПСЖ е и 18-годишниот фудбалер од средниот ред Едуард Мичути. И двајцата фудбалери на клубот од Париз се во самоизолација. ег/ми/  

Остани поврзан